Еликсир во чинија: Телешка чорба со кисела зелка

Фото: Unsplash

Доколку порано одевте специјално во гостилница за да уживате во топла и вкусна телешка чорба, сега истата можете да си ја приготвите и дома, но по нов рецепт. Киселата зелка е дел од секоја трпеза во овој период од годината, но дали сте пробале телешка чорба со кисела зелка? Оваа чорба ќе биде вашиот нов еликсир во чинија кој ќе ви даде енергија по напорниот работен ден.

Состојки:

– 1 кг телешко месо
– 500 г кисела зелка
– 3 компир
– 2 главици кромид
– 2 морков
– 2 домати
– пола китка магдонос
– ловоров лист
– 20гр бибер во зрно
– буковец (по вкус)

Подготовка:

Прво месото треба убаво да се свари. Подготовката трае околу еден час во длабок сад со вода со неколку ливчиња ловоров лист и црн пипер во зрно.

Откако убаво месото ќе се исече на ситни коцки и во истата течност колку е преостаната во самото тенџере од варењето на месото се додаваат киселата зелка, компирите и доматите и се варат заедно со месото уште 20 минути.

Во друга тава на оган со масло се става морковот, кој е претходно убаво изрендан на ситно заедно со ситно исечканиот кромид да се запржат заедно неколку минути, а потоа се додаваат во тенџерето со сите состојки и се варат уште 10 минути кога се додава и магдоност кој е исто така убаво исечкан.

По желба декорирајте со малку кисела павлака и парче лимон. Се сервира супата додека е топла.

Добар апетот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот