Експлозија во средно училиште во Кабул – шестмина мртви, над 20 повредени

Експлозија во средно училиште во Кабул/ Фото Saifurahman Safi / Xinhua News / Profimedia

Најмалку шестмина луѓе загинаа, а повеќе од 20 се ранети во две експлозии во машко училиште во авганистанската престолнина Кабул, соопштија властите, пишува Би-Би-Си.

Експлозиите се случија во гимназијата Абдул Рахим Шахид во западниот дел од градот во кој доминираат шиитите. Бројот на загинати и ранети најверојатно ќе се зголеми.

Цел на напад со гранати беше и блискиот школски центар.

Засега нема преземено одговорност. Милитантите на Исламската држава ја напаѓаа областа во минатото.

Првичните извештаи сугерираа дека учениците и персоналот на Абдул Рахим Шахид можеби биле цел на бомбаши самоубијци, но портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, рече дека пред училиштето биле оставени импровизирани експлозивни направи, при што загинаа шест лица.

„Ова се прелиминарни бројки. Ние сме на местото и чекаме повеќе детали“, рече тој.

Ројтерс цитираше неименуван службеник кој рече дека уредите биле ставени во ранци, од кои едниот бил активиран внатре во училишните порти.

Претходно, извори од болницата Мухамед Али Џина во Кабул за Би-Би-Си изјавија дека досега примиле четири мртви тела и 19 повредени лица од нападот во училиштето. Другите жртви од експлозијата се лекуваат на друго место.

Учениците ги напуштале утринските часови кога се случиле експлозиите, изјави еден сведок за новинската агенција АФП.

Областа во која се случиле нападите – Дашт-е-Барчи – често е цел на напади од локалниот огранок на групата ИД поради нејзиното главно хазарско шиитско муслиманско население.

Хазарите се етничко и верско малцинство кое често е цел на сунитските милитантни групи, кои ги сметаат за еретици.

Локалните извори, исто така, соопштија дека рачна граната била фрлена во блискиот школски центар за студенти кои се подготвувале за приемен испит на универзитетот.

По серијата напади на ИД минатата година по преземањето на талибанците, активностите на групата се намалија.

ИД спроведе разорна кампања против шиитите во Авганистан во последните неколку години. Голем број беа убиени во бомбашки напади врз цели, вклучувајќи спортски сали, културни центри и места за образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот