Експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах, има жртви и многу повредени

Фото: Твитер

Силна експлозија со многу жртви во складиште за гориво се случи вечерва во близина на автопатот Степанакерт-Аскеран во регионот Нагорно-Карабах, објави Радио Слободна Европа.

Сепаратистичките власти во регионот соопштија дека има многу повредени кои се пренесени во болница. Деталите за инцидентот се уште се оскудни. Спасувачките екипи се на местото, соопштија официјални лица.

Ерменците во Нагорно – Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но надвор од контролата на Баку по распадот на Советскиот Сојуз, беа принудени да прогласат прекин на огнот на 20 септември по молскавичната 24-часовна воена операција на азербејџанската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот