Експертка тврди: Редовното капење во вода со мраз го зголемува либидото

Камила Левин Фото: Jam Press / Jam Press / Profimedia

Бразилската докторка Камила Левин, вели дека редовното капење во вода со мраз ѝ помогнало да го зголеми либидото и го подобрило сексуалниот живот, пишува „Њујорк пост“.

Д-р Камила, која исто така се натпреваруваше на Мис на светот за фитнес, 2022 година, објаснува дека, почесто се чувствува возбудено, откако практикува телото да го потпопува во када полна со студена вода и мраз.

„Тоа го подобри мојот сексуален апетит. Верувам дека тоа е една од најдобрите практики за здравјето“, возбудено изјавила 31-годишната докторка.

Таа вели дека е пресреќна што го открила овој природен метод, наместо да користи бил какви хормонски третмани.

„Не очекував, тоа беше изненадување. Сега одвојувам неколку вреќи мраз за мојата када. Јас сум за стимулирање на нашето либидо, и за наоѓање начини да се задоволиме“, додала Камила.

Камила вели дека прво почнала да се капе во вода со мраз, за да ја лекува мускулната болка, пред воопшто да сфати дека има влијание врз нејзиното либидо. Таа дури тврди дека ледените бањи можат да помогнат во намалувањето на целулитот и опуштеноста.

Иако нејзините тврдења звучат бизарно, истражувањата покажуваат дека оваа техника, всушност може да доведе до поголема сексуална возбуда. Па, и други експерти го поддржуваат нејзиниот совет. Тие велат дека оние кои сакаат да го подобрат својот сексуален живот, треба да ги следат советите на д-р Камила и да преземат чекор за подобро либидо.

Изложеноста на студ го стимулира ослободувањето на лутеинизирачкиот хормон (LH) кај мажите и жените, кој го регулира производството на тестостерон кај мажите и овулацијата кај жените.

Во последниов период многу познатите личности, исто така, започнаа да се капат во вода со мраз, чувствувајќи ги бенефитите по нивното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот