Експертите предупредуваат: Расте бројот на луѓе заразени со хемикалии за чистење и дезинфекција

чистење бања
Фото Профимедиа

Во Канада е забележан пораст од 58 отсто од труење на луѓе со хемикалии за чистење и дезинфекција, а експертите велат дека само нивното вдишување може да биде опасно.

Според извештаите, расте бројот на Канаѓани кои случајно се отруле со дезинфекциски средства дома за да спречат можноста на ширење на заразата.

Здравствената установа „Health Canada“ соопштила дека во февруари и март се зголемил процентот на 58 отсто од пријавените труења од изложеност на хемиски средства, во споредба со истиот период за време на 2019 година.

Жалбите со кои се јавувале луѓето биле печење на очите, проблеми со дишење, како и деца кои пијат средства за чистење.

Џим Чан, пензиониран јавен здравствен инспектор од Торонто, вели дека луѓето можат да умрат од комбинации на испарување на хемиски средства за чистење.

Многу луѓе признале дека за време на пандемијата го зголемиле чистењето на површините дома со агресивни средства како би се заштитиле од коронавирусот.

Сепак, покрај пандемијата, луѓето треба да бидат многу внимателни со дезинфекциски средства и да ги држат поддалеку од дофатот на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот