Експерти: Вирусот мутираше и стана позаразен

Фото: EPA

Експерти од Флорида сметаат дека успеале да докажат дека коронавирусот мутирал, на тој начин всушност станал позаразен.

Овие лица тврдат дека е потребно со сигурност да се утврди дали таа промена влијаела на текот на епидемијата, но еден научник, кој не бил дел од истражувањето, верува дека токму тоа може да објасни зошто вирусот во толкава мерка се проширил во САД и во државите на Латинска Америка.

Научниците од Институтот „Scripps Research“ во Флорида објаснија дека мутацијата влијае на структурата на надорешниот дел кој вирусот го користи за да навлезе во внатрешноста на организмот.

Ако овие информации се потврдат, тоа ќе биде прво докажување дека одредени промени на вирусот влијаеле на разојот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот