Експерт советува: Како да останете мирни во конфронтација

разправија кавга
Interrupted duel - Marcus Stone, Фото: Викимедија

Изминативе пандемиски години го тестираа нашето трпение и способност да се справиме со комплицирани животни состојби. Не беше лесно, а емоциите беа на високо ниво. Но, иако во вакво време може да се очекуваат чувствата како вознемиреност, осаменост и тага, вреди да се напомене дека може да се појават и други емоции како раздразливост, па дури и лутина.

Овие чувства не се најлесните за управување, бидејќи многу често се насочени кон другите

Како што објаснува Сара Розентулер, за „Stylist“, овластен психолог и автор на „Како да имате значајни разговори: 7 стратегии за зборување за она што е важно“, „специфичните закани во социјалната ситуација влијаат на нашата способност за продуктивна интеракција“.

Како би се третирал Пикасо во ерата на движењето „MeToo“?

Таа вели дека овие закани, на пример кога чувствувате дека некој ве навредува или изоставува, симулираат слични мозочни мрежи со оние што се активираат кога се загрозени вашите примарни потреби за преживување. Се активира вашиот лимбички систем, „во кој се сместени нашите емоционални реакции“.  Ова се обидува да ја минимизира воочената закана „со избегнување на личност или ситуација, или со возвратен напад“.

За жал, е несвесна реакција која прилично лесно се активира вели Розентулер, бидејќи вашиот лимбички систем „повеќе е прилагоден на закани отколку на награди“. Како резултат на тоа, вашата способност да реагирате рационално или правично е инхибирана, што ја прави поголема веројатноста дека ќе кажете или направите нешто за што се каете.

Но, постојат начини да се осигурате дека нема да дозволите конфронтацијата да ве надвладее, а признавањето на стресните фактори кои го активираат тој одговор на заканата е еден од нив.

Според Дејвид Рок од Институтот за невро-лидерство, постојат пет „клучни социјални закани кои дејствуваат како потенцијални стресори“.

Тие вклучуваат поткопување на вашата компетентност, чувство како да сте микро-управувани и верување дека ситуацијата е неправедна

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

Така, како што објаснува Розентулер, „препознавањето на овие точки на активирање за она што се – закани за нашата социјална положба, ни помага да управуваме со тоа како се справуваме со нашата реакција „бори се или бегај“.

„Ова значи дека, земајќи ги предвид работите што ве носат до работ, станувате поспособни да ја прегледате ситуацијата, да ја видите каква е и „потсетете се дека не постои очигледна закана за вашата благосостојба или безбедност“, вели Розентулер.

Сепак, таа признава дека ова е полесно да се каже отколку да се направи, и дека „повторното ангажирање на нашиот „разумен мозок“ „кога е киднапиран од нашиот „емоционален мозок“ бара време и вежбање за да се исправи.

Меѓутоа, ако сте збунети од каде да започнете, можете да се обидете да да си дозволите кратка пауза кога ќе се најдете среде жесток разговор. Розентулер вели дека „неколку длабоки вдишувања, броење до десет или пиење чаша вода генерира ‘момент на избор’ кој ни овозможува свесно да избереме што да правиме или да кажеме следно“.

Применете го ова во пракса за да си овозможите многу попродуктивни разговори со луѓето за кои се грижите, наместо деструктивни конфронтации.

ФОТО | Бакнежи низ историјата: Љубовни, братски и безвременски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот