Екс главниот албански обвинител е затворен, а одземен му е и имотот

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го прифати барањето на Специјалното обвинителство (СПАК), осудувајќи го на две години затвор, поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, кому му се судеше за обвинение за нелегално стекнат имот.

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го прифати барањето на Специјалното обвинителство (СПАК), осудувајќи го на две години затвор, поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, кому му се судеше за обвинение за нелегално стекнат имот.

Покрај затворската казна, на Лала, му се забранува извршување јавна функција во следните пет години. Исто така донесено решение за конфискација на стан во Драч од 60 квадратни метри и три хектари обработливо земјиште што го поседувал, а не можел да го оправда потеклото.

Неговиот адвокат Сокол Хазизи најави жалба на судската одлука.

Лала го одби предлогот за скратен судски процес, што ќе му дадеше можност за намалување на казната за една третина.

На функцијата главен обвинител Лала беше избран во декември 2012 од страна на албанскиот Парламент со 101 глас „за”, со претходно постигнат консензус меѓу политичките партии.

До неговото заминување од функцијата во ноември 2017 година се сметаше за еден од највлијателните луѓе во Албанија, од кого многумина стравувале. Во 2018 година, на Лала му беше забранет влез во САД поради сомневање за вмешаност во корупција.Забрана за влез во САД има и за неговата сопруга и двете деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот