ЕХФ му го честиташе јубилејот на Дејан Манасков! (ФОТО)

twitter.com/telekomveszprem

Во 100. официјален настап за унгарскиот ракометен гигант Веспрем македонското лево крило запиша три голови против тимот на Кил.

Европската ракометна федерација на својот Твитер профил му го честиташе 100. официјален настап на македонскиот репрезентативец во дресот на Веспрем.

Дејан Манасков има точно 100 настапи за унгарскиот клуб кој денеска беше поразен минимално на гостувањето кај Кил во рамките од 12. коло во Лигата на шампионите со 29:28.

На тој начин бундеслигашот уште повеќе ја зацврсти првата позиција во групата „Б“ која води директно во четвртфиналето, а Веспрем таму ќе мора преку осминафиналната фаза.

Кај домаќините во „Шпаркасен“ Арената пред нешто над 10.000 илјади гледачи на трибините најефикасен беше Екберг со осум голови.

На спротивната страна по пет погодоци имаа поранешниот Вардарец Борозан и Нилсон, а нашиот Манасков на јубилејот трипати се запиша во листата на стрелците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот