ЕХФ ја одби жалбата на РК Еурофарм Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Пред седум дена ракометниот клуб Еурофарм Пелистер поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата „А“ на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

Тогаш, во мечот одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола Унгарците славеа со минимален резултат 27:28.

Актуелниот македонски шампион сметаше дека не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход.

Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука во врска со жалбата на РК Еурофарм Пелистер поднесена поради неколку судиски одлуки.

– По внимателна евалуација на наводните контроверзни одлуки, утврдено е дека дека одлуките се засновани на судиските набљудувања на фактичката состојба во текот на натпреварот. Ваквите одлуки спаѓаат во опсегот на Правните регулативи на ЕХФ, како и Регулативите на Лига на шампиони на ЕХФ и ќе се сметаат за фактички и затоа конечните одлуки не подлежат на никаков протест. Поради тоа жеалбата се отфрла. Во рок од три дена може да се поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ – објавија од ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот