Ефикасноста на „Спутник В“ е 97,6 отсто меѓу 3,8 милиони вакцинирани Руси

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Ефикасноста на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ изнесува 97,6 отсто, заснована врз анализа на податоците за процентот на имунизирани Руси, соопштија Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја и Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF)

– Вакцината „Спутник В“ покажа ефикасност од 97,6 отсто врз основа на анализата на податоците за степенот на инфекција со коронавирус меѓу оние во Русија, кои се вакцинирани со двете компоненти на „Спутник В“, се наведува во соопштението.

Според податоците од 3,8 милиони Руси, вакцинирани со двете компоненти на „Спутник В“ од 5 декември до 31 март, степенот на инфекција, почнувајќи од 35-от ден од датумот на првото инјектирање, е само 0,027 проценти, во споредба со 1,1 процент на инциденца меѓу невакцинираните.

– Податоците и пресметките за ефикасноста на вакцината ќе бидат објавени во медицинските списанија следниот месец, се додава во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот