Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа кај село Буковиќ

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила на патот Скопје-Тетово кај село Буковиќ. Во сообраќајната несреќа учествувале возило од марката „фиат пунто“ и „фоксваген голф“. Од здобиените повреди на местото починал возачот на „пунтото“ Л.Р., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

„На 22.08.2023 околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Р.(31) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(57) од Скопје. Од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „фиат пунто“ Л.Р., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, возачот на возилото „голф“, Б.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот