Една работа во кујната сигурно никогаш не сте ја измиле, а таму најчесто се кријат заразите

Фото: Pixabay

Бактериите кои предизвикуваат болести како салмонела често се кријат на вашите теглички/садови за зачини. Научниците од Универзитетот Рутгерс во Њу Бранзвик открија дека шишињата за зачини се најверојатните места за контаминирање со салмонела по подготовката на храната. Во експериментот што го спроведоа, беше откриено дека половина од амбалажите за зачини биле контаминирани откако биле употребени во готвењето. Тие сметаат дека причината за тоа е што сите водиме сметка за тоа да ги одржуваме чисти садовите и приборот за јадење, а забораваме на тегличките за зачини. А, тие лесно се контаминираат кога човек ќе допре пилешко, мисирка или друга контаминирана намирница, а потоа ќе посегне по зачинот без претходно да ги измие рацете.

Едноставно не мислиме на шишињата за зачини: внимаваме секогаш темелно да ги измиеме даските за сечење, работната површина, мијалникот, садовите, па дури и корпите за отпадоци, а шишињата со зачини ретко или никогаш не ги миеме. Американскиот центар за контрола и превенција на болести проценува дека во САД секоја година има 1,35 милиони инфекции со салмонела и 420 смртни случаи. За потребите на ова истражување, објавено во „Журналот за заштита на храната“, научниците собраа 317 возрасни лица за во кујните со различни големини да подготват идентична плескавица од мисирка. Некои готвеле во мали кујни како што ги имаме во нашите домови, а некои во големи, индустриски кујни. Испитаниците не знаеле дека нивната кујна подоцна ќе биде тестирана за салмонела. Во мелената мисирка претходно била вбризгана хемикалија која делува слично како што би делувала салмонелата кога ќе загади некоја површина или простор.

По готвењето, од кујните биле земени брисеви за да се провери присуството на салмонела. Предметите со убедливо најголема зараза биле токму садовите за зачини. Контаминација е откриена кај речиси половина од нив, односно кај 48 од нив. Од друга страна, само нешто повеќе од 20 отсто од дозерите за детергент биле контаминирани, додека другите предмети воопшто не биле контаминирани. Доктор Доналд Шафнер, еден од авторите на студијата, објасни дека многу луѓе кога готват во своите домови забораваат да ги избришат шишињата со зачини по употребата. Во секој случај, ова истражување покажа дека секој сад за зачини што ќе го допрете додека подготвувате сирово месо може да се контаминира, а за тоа треба да станеме свесни додека готвиме.

Симптоми на салмонела:

– гадење
– повраќање
– дијареја (пролив)
– болка во стомакот
– треска
– зголемена температура
– главоболка
– крв во столицата

На што треба особено да внимавате:

– валкани раце
– валкани кујнски прибор
– валкана работна површина

Треба да се избегнува:

– недоволно термички обработено месо
– колачиња со сурови јајца
– веќе зготвена храна која долго време седи надвор од фрижидерот
– неколкупати загреана храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот