Единаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Изминуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро кога при потонувањето на „Илинден” животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Предвидено е на утрешната комеморација на самиот ден на несреќата да присуствуваат делегации на Општина Охрид, на бугарските козуларни и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември” како и граѓани на Охрид. Овојпат поменот на загинатите ќе се одржи пред новиот споменик, поставен во паркот пред каналот Студенчишта.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден” што со 57 патници пловеше од Охрид за Свети Наум. „Илинден” се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец”.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот