ВИДЕО | Еден загинат и седум повредени во несреќа на жичница во Турција

Жичница Анталија Фото: Принтскрин

Едно лице загина, а 10 се повредени кога кабина удрила во потпорен столб што држи жичница во близина на турското летувалиште Анталија, соопштија турските власти.

Еден од столбовите на жичницата Тунектепе вчера од засега непознати причини се урна, а осум лица во кабината, која што се распадна по ударот во столбот, паднаа на карпеста површина. Во несреќата едно лице загина, а седум лица, меѓу кои две деца, се повредени при падот на кабината, додека уште три лица се повредени при евакуацијата, јавува турскиот телевизиски канал НТВ.

Турските власти испратија хеликоптери опремени за ноќно набљудување во операцијата за спасување на 184 лица кои беа заглавени во 24 кабини на жичара, соопшти синоќа градоначалникот на Анталија Мухитин Бочек.

Anadolu Agency јавува дека утрово е соопштено дека се евакуирани 59 лица заробени во 10 кабини на жичарница и дека спасувањето продолжува.

На терен се испратени и противпожарни, полициски, медицински и спасувачки екипи, а денеска продолжуваат да работат на евакуација на заглавените лица од преостанатите 14 кабини на жичарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот