Еден повреден во сообраќајката на патот Делчево – Пехчево

Фото: МИА

 Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што вечерва  се случи во близина на село Црник, потврдија за МИА од пехчевската брза помош која интервенирала на местото на несреќата.

Сообраќајот на патот Делчево – Пехчево, пак, кој беше во прекин поради сообраќајката, е нормализиран.

Сообраќајната несреќа, како што информираа возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистерски таблички и две со македонски регистерски таблички. Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот