Е. Пелистер по добар резултат против Нексе, Лазаров домаќин на Фуксе Берлин

еурофарм пелистер
Битолската екипа спремна за новиот европски предизвик/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Македонскиот вицешампион Е. Пелистер денеска од 18.45 часот во Хрватска ќе го игра првиот натпревар натпревар од осминафиналниот двомеч во Лига Европа против Нексе.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ се реши за истиот состав од натпреварот со Вардар 1961 против кој славеше пред три дена во дербито во домашната лига.

Составот на Е. Пелистер: Мараш, Ојлески, Н. Маркоски, Бој. Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ, Секели, Радовиќ, Танкоски, Костески, Кукоски, Божиќ-Павлетиќ, Граџан, Обрадовиќ, Табоада, Кизиќ.

Исто така во осминафиналната фаза игра и нашиот селектор и репрезентативец Кирил Лазаров со својот Нант кој на домашен терен ќе ги одмери силите со Фуксе Берлин.

Лига Европа

Осминафинале, први натпревари

18.45 часот Горење – Ним
18.45 часот Кадетен – Савехоф
18.45 часот Лемго – Висла Плоцк
18.45 часот Нексе – Е. Пелистер

20.45 часот Бидасоа Ирун – ГОГ
20.45 часот Нант – Фуксе Берлин
20.45 часот Спортинг – Магдебург
20.45 часот Тулуз – Бенфика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот