Е. Пелистер 2 ќе брка три гола негатива во Битола против Алпла Хард

Фото: Е. Пелистер

Ракометарите на вториот тим на Еурофарм Пелистер се поразени со 24:21 на гостувањето кај Алпла Хард во првиот натпревар од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.

Австрискиот тим подобро го отвори натпреварот, но младите ракометари на Е. Пелистер не дозволија, противникот да се одлепи. На секоја серија на Алпла Хард, Е. Пелистер 2 одговораше со своја и по негативата од 11:7, битолчани направија серија 1:4 и дојдоа на 12:11. На одмор се замина со негатива од два гола, 13:11.

И второто полувреме помина во слична игра и развој на настаните на теренот. Во завршницата од натпреварот избраниците на тренерот Александар Јовиќ не реализираа неколку напади и му дозволија на тимот на Алпла Хард да дијде до 24:19.

Сепак, во последните две минути, битолчани со два гола се изборија за пораз од три гола, негатива која ќе ја бркаат во реваншот пред своите навивачи.

Петровиќ и Арсеновски со по пет гола беа најдобри кај Еурофарм Пелистер 2, додека во редовите на Алпла Хард се истакна Рашле со седум гола.

Реванш натпреварот ќе се игра наредниот викенд во Битола каде Е. Пелистер 2 ќе се обиде да дојде до победа и пласман во следната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот