Џошуа ќе биде подготвен за борба против Фјури во декември

Ентони Џошуа ја прифати понудата на Тајсон Фјури за нов боксерски спектакл/Фото: EPA-EFE/SEAN DEMPSEY

Британскиот боксер Ентони Џошуа изјави дека во декември ќе биде подготвен да се бори против својот сонародник Тајсон Фјури, кој претходно го предизвика во „Битката за Британија“.

Фјури е сопственик на појасот на ВБЦ во тешка категорија, а моментално е во боксерска пензија од која е подготвен да излезе.

Фјури му понуди на Џошуа да се бори против него за титулата ВБЦ во наредните месеци, по што следуваше одговорот:

– Да, само смири се. Не ми треба онлајн дискусија само за влијание. Доколку си навистина си за борба, ќе бидам подготвен во декември – напиша Џошуа на социјалните мрежи.

Фјури има 32 победи и едно реми против Деонтеј Вајлдер во 33 борби во кариерата. Од друга страна, Џошуа забележа 24 победи и три порази во 27 борби, два од против Олександр Усик и еден од Андрес Енди Руиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот