Џорџ Мајкл бил зависен од диетална Кока-Кола: Пејачот пиел по 25 лименки дневно од популарниот пијалак

ЏОРЏ МАЈКЛ
Фото: Instagram

Вкусот на овој пијалак го освои целиот свет. Млади и стари, денес уживаат во овој пијалак секојдневно. Некои велат дека не можат да си го замислат денот без овој пијалак. Едно од нив бил и британскиот пејач Џорџ Мајкл.

Оригиналниот рецепт за правење „кока-кола“ бил измислен кон крајот на 19 век од Џон Пембертон, хемичар и фармацевт, кој во тоа време работел за фармацевтската и хемиска компанија „Игл“ од американската држава Џорџија. Пијалакот го нарекол Пембертоновата винска кока, но во 1886 година, кога била воведена забраната за алкохол, го модифицирал рецептот отстранувајќи го алкохолот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐒 علی (@snapfood_studio)


Во аптеките како лек продавал чаша пијалак за пет центи, што поминувало добро бидејќи во тоа време газираните пијалаци се сметале за многу здрави. Пембертон тврдел дека пијалакот лекува разни болести, вклучувајќи главоболки, импотенција и стомачни проблеми. Неговиот концентрат можел да се купи во аптеките како средство за ублажување на проблемите со стомакот.


Вкусот на овој пијалак го освои целиот свет. Млади и стари, денес уживаат во овој пијалак секојдневно. Некои велат дека не можат да си го замислат денот без овој пијалак. Едно од нив бил и британскиот пејач Џорџ Мајкл.

Според изјавата на неговиот продуцент Џорџ бил толку зависен од диетална кока-кола што пиел по 25 лименки дневно. Популарниот пејач кој почина на 53-годишна возраст во 2016 година, имаше низа други зависности и утврдено е дека починал од срцева слабост и заболување на црниот дроб.


„Дејли стар“ во средата го цитираше неговиот пријател и продуцент Џони Даглас, кој откри дека пејачот бил навлечен на кока кола:

„Тој пушеше трева во студиото, како што прават многу луѓе. Земаше и антидепресиви – но тој беше врвен професионалец.Никогаш не бил издрогиран и никогаш не сум го видел да прави нешто што би го сметал за деструктивно, освен неговата зависност од диетална кока-кола. Тој беше на најмалку 25 лименки дневно – му беа заварени на раката. Ако погледневте во неговиот Ренџ Ровер, внатрешноста на автомобилот изгледаше како гробница за празни лименки диетална кока-кола“ – истакнал Џони.

Разговорот со неговиот продуцент доаѓа во моментот кога фановите на Џорџ Мајкл слушнаа три досега необјавени песни во новиот документарен филм за неговиот живот.

Филм и мрачна биографија: Џорџ Мајкл последните години од животот ги поминувал со дрога, брза храна и мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот