Џерард би можел да биде новиот тренер на Барди и Трабзонспор

фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Поранешниот англиски репрезентативец Стивен Џерард би можел да ја продолжи тренерската кариера во Турција.

Според информациите на „Дејли Мејл“, Џерард преговара со Трабзонспор во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Трабзонспор е моментно на шестата позиција во турскиот шампионат и со само една победа во последните четири натпревари.

Раководството на клубот размислува да го ангажира Џерард наместо Абдула Авџи, кој на клупата седи од 2020 година.

Екс играчот на Ливерпул имаше успеси на клупата на Глазгов Ренџерс, но потоа не се прослави во Астон Вила, каде есента доби отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот