Џастин Бибер со мајка му Пати / Фото: Profimedia

Џастин Бибер ѝ одговори на мајка му по објавата дека се моли за него: „Исусе, исцели ја секоја рана во неговото срце“

Две недели откако мајката на поп-ѕвездата, Пети Малет, јавно сподели молитва за својот син, Џастин Бибер конечно ѝ возврати со коментар, пишува „Пипл“.

На 22 септември Малет (50) објави серија фотографии од 31-годишниот пејач, со долга порака во која изрази колку силно се моли за него.

„Ја изјавувам слободата, силата, јасноста и исцелението над тебе, Џастин. Секој синџир на страв, забуна, тежина и болка нека биде скршен во името на Исус. Свети Духу, опкружи го со вистина, светлина и заштита. Исцели ја секоја рана во неговото срце, ум и тело, видлива и невидлива, врати го она што било одземено и покриј го со целост“, напиша таа.

Во продолжение додаде: „Исполни го со твојата љубов и утеха до преполнетост. Продолжи да го издигаш како глас за твоето царство, непоколеблив и запален за тебе, Господи. Замолчи го секој глас што не доаѓа од тебе, и нека неговиот живот биде сведоштво за твојата моќ, љубов и исцелителна благодат. Кажете амин ако се согласувате“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pattie Mallette (@pattiemallette)


По неколку недели тишина, Бибер конечно ѝ одговори со шеговит тон: „Единственото исцелување што ми треба е од искривениот мал прст на ногата, од играње пинг-понг“.

Не е сосема јасно на што точно се однесувала Пети Малет во својата молитва, но Џастин пред нејзината објава, на 20 септември, објави сопствена порака за верата и славата.

„Исус нè учи дека нашиот труд е само одговор на дарот на животот и простувањето“, напиша тогаш пејачот, додавајќи дека „растот станува желба поради благодатта што сме ја примиле“.

Бибер неодамна го издаде новиот албум „Swag II“ со песни како „Story of God“ и „Everything Hallelujah“, продолжение на „Swag“ од јули. Во најновиот видеозапис за песната „Speed Demon“ носи маица со натпис „Pray for Me“.

Извор близок до парот за „Пипл“ изјави дека Џастин и неговата сопруга Хејли Бибер се силни и поврзани повеќе од кога било, иако минале низ предизвици кои само ја зајакнале нивната врска. Двојката неодамна ја прослави седмата годишнина од бракот и првиот роденден на нивниот син, Џек Блуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот