Џафери во вторник ќе биде домаќин на бугарскиот колега Желјазков

Претседателот на Собранието Талат Џафери во вторник ќе го пречека бугарскиот колега Росен Желјазков. Како што јавуваат бугарските медиуми, Желјазков и Џафери заедно ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот