Џафери нема проблем да се повлече од функцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени

Талат Џафери / Фото МИА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е и член на политичката партија ДУИ вели дека и тој би се повлекол од функцијата, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени. Коментирајќи ги барањата на опозицијата за предвремените избори, тој истакна дека има редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.

Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти, изјави Џафери во интервју за МИА.

Тој додава дека ако сте дел од некоја организација и ако има можности ќе си го кажете мислењето, а на крај ако има одлука и ако сакате да продолжите да бидете дел од организацијата, ќе ја испочитувате одлуката, во спротивно, треба да решите да одите од субјектот.

Министрите од политичката партија ДУИ вчера доставија писмо до премиерот Димитар Ковачевски во кое поднесоа оставка од функциите што ги извршуваат во моментов.

-Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

Понудата дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, првпат ја спомена шефот на дипломатијата Бујар Османи по лидерската средба помеѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Османи вчера на брифинг со новинарите повтори дека понудата е на маса ако опозициската партија ги гласа уставните измени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот