Движењето БЕСА нема да поднесе амандмани на предложените измени на Изборниот законик

Движењето БЕСА нема да поднесе амандмани на предложените измени на Изборниот законик во Собранието за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и останува на ставот за три изборни единици со отворени листи, изјави денеска пратеникот од БЕСА Фадил Зендели. Предлагаат наместо сегашните шест изборни единици во по една да се спојат првата и втората, третата и четвртата и на петтата и шестата.

Прашан дали ќе го бојкотираат гласањето на предложените измени Зендели рече дека не верува оти ќе дојде до такво нешто ако има избори во април. Подносителите и сите кои ги поддржуваат измените треба да сметаат на тоа дека Изборниот законик се менува со консензус и не би требало никој да дејствува еднострано, изјави Зендели во Собранието.

Прочитајте и...  Бишевац: Заев без ДУИ нема мнозинство, Јовановиќ: Невозможно е СДСМ да оди во коалиција со ВМРО и Левица

Со една изборна единица со затворени листи, како што наведе, во суштина ништо не се менува, и тоа е само замајување на јавноста дека нешто се менува.

-Ако сакаме да менуваме нешто тоа мора да биде посуштински и порадикално во насока на демократизација. Имам разбирање за политичките партии и помалите етнички заедници кои бараат Изборниот законик да се менува, но мора да мислиме на целото општество и сите етнички заедници во државата и во таа насока концептот кој ќе го менуваме или ќе го спроведе треба да биде во согласност со ова, рече Зендели.

Три изборни единици со отворени листи, појасни, менуваат многу зашто македонските политички партии функционираат на целата територија на државата, а политичките партии на Албанците само во западниот дел.

Прочитајте и...  По пресот на министерот Адеми, ССНМ со апел да се обезбедат услови за работа на новинарите и медиумските работници

– Во оваа насока нам како Албанци и како политичка партија не ни одговара да имаме една изборна единица затоа што нема да имаме контрола што се случува во Штип, Струмица… Немаме доверба оти имаме фер и демократски избори и затоа сметаме дека треба да бидат така како што се соодносите во општеството, рече Зендели.

Во коментар за бројните поднесени амандамни од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на измените на Изборниот законик пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Кузмановска оцени дека тука може да се види, како што вели, дволичноста на владејачката СДСМ.

– Требаше првин да си го повикаат својот коалициски партнер кој поднесе околу 5.000 амандамни. Нашите 500-600 амандмани се во насока на давање јасен сигнал дека два месеца пред избори не се отвора Изборен законик, изјави Кузмановска.

Прочитајте и...  ДИЖС: Нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во реката Вардар

Прочитај повеќе

Израел осуети кибер напад врз одбранбената индустрија

Слободен печат

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија планира месечно да произведе по 5 милиони вакцини против ковид-19, по цена од 10 долари за 2 дози

Слободен печат

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка по информацијата дека ќе ја изгуби лиценцата за работа

Слободен печат

Кина реагира за врските на САД со Тајван: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најмалку 800 луѓе во светот починаа поради дезинформации за Ковид-19

Слободен печат

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

Слободен печат

Костовски: Двојна игра на НБ, ако беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година

Слободен печат

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик

Слободен печат

Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Нина Ангеловска ги извадила парите од Еуростандард банка пред затворање?

Слободен печат