Двејн Џонсон и Опра Винфри со помош за жителите на Хаваи: Донираа 10 милиони долари

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Актерот Двејн Џонсон (51) и позната водителка Опра Винфри (69), основаа фонд за уплата на директни средства, за помош на жителите на Хаваи, кои ги загубија своите домови во пожарите на островот Мауи, пишува „Ен-би-си њус“.

Народниот фонд „Мауи“, има за цел да врши месечни исплати од 1.200 долари на илјадници жртви од шумските пожари што го зафатија островот овој месец.

Двете познати личности веќе донираа 10 милиони долари за да го започнат собирањето на средствата, а во видеото кое го споделија на своите Инстаграм профили тие бараат дополнителни донации од јавноста.

„И во најтешките времиња, луѓето од Мауи се здружуваат и ние се креваме – тоа е она што не прави посилни“, рече Двејн.

Парите се наменети да одат за сите возрасни, чии домови беа уништени од пожарите во Лахаина и Кула на Мауи. Помош имаат сопствениците и изнајмувачите на станови, но не и на сопствениците кои не живеат во објектите што се уништени од пожарите.

„Луѓето ќе можат сами да одлучуваат, за тоа што им треба ним и на нивните семејства – тоа е нашата цел“, додаде Опра.

Според полицијата, официјалниот број на загинати е 115, но многумина се водат како исчезнати три недели од почетокот на пожарите.

Инаку, Опра повремено престојува во Мауи, а Двејн како дете живеел на Хаваи и има делумно самоанско потекло.

 

ВИДЕО | Двејн Џонсон има огромно срце: Актерот приреди изненадување за девојче кое се бори со рак

ФОТО | Џеф Безос не го тргна погледот од деколтето на својата сакана: Еве и зошто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот