Две возила се судрија на влезот на Македонска Каменица

Фото: илустрација

Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва, во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица.

Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец.

На местото на несреќата поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а според првичните информации нема повредени лица во сообраќајната несреќа.

Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот