Две лица повредени во сообраќајка кај Скопје

сообраќајка
Илустрација

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16:30 часот на регионалниот пат село Петровец – село Огњанци.

З.О. (21) од гњанци, управувајќи „застава југо“ изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(18) од Огњанци, по што бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Со повреди се здобил и возачот, по што бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот