Двајца турски камионџии се обиделе да влезат во Македoнија со фалсификувана зелена карта

Камиони на граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Граничната полиција на „Деве Баир“ вчера, во два одделни случаи, привела двајца турски камионџии кои се обиделе со фалсификувани зелени картони да влезат во државата.

„На 27.12.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Л.(62) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.“

Половина час потоа, шеесетгодишен Турчин кој возел камион се обидел на истиот начин да влзе во државата.

„На 27.12.2023 во 13.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.К.Ц.(60) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот