Двајца новинари добитници на Нобеловата награда за мир

Добитниците на Нобеловата награда за мир за 2021-ва година, Марија Реса и Дмитри Муратов/ Фото Twitter The Nobel Prizes

Добитниците на годинашната Нобелова награда за мир се новинарката од Филипините Марија Реса и новинарот од Русија Дмитри Муратов за нивните напори да обезбедат слобода на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир, изјави претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Берит Рајс- Објави Андерсен.

Меѓу фаворитите оваа година беа белоруската политичарка Светлана Тихановска, климатската активистка Грета Тунберг и Репортерите без граници (РСФ).

Добитникот на наградата од милион долари го избра петчлено жири назначено од норвешкиот парламент.

Овогодинешниот победник беше избран од вкупно 329 кандидати, иако комисијата нема да ја објави целосна листа во следните 50 години.

Минатата година наградата ја доби Светската програма за храна на Обединетите нации, која била воспоставена во 1961 година со цел борба против гладот ​​низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот