Дувњак: Во време на криза многу е битно да се провери релевантноста на изворот на информации

Гордана Дувњак / Утрински брифинг

-Фокус дневно на порталот ги следи сите случувања со безбедносната криза а претпоставувам дека ќе треба да ги менуваме и темите за неделникот. Случајно или намерно ги избрав случувањата и ставовите меѓу Ковачевски и Мицковска. Малку иронизирав што е тоа што ќе ги натера да седнат на заедничка маса, вели за Утрински брифинг Гордана Дувњак, уредник на магазинот „Фокус“.

-Треба да се внимава да се проверат информациите и релевантноста на изворот. Сега ќе има обиди се да се протне. Многу е важно да се бираат и релевантни соговорници. Она што е многу важно како јавност постојано да го прозиваме нашиот врв да седнат на заедничка маса, додава таа.

Има место тука и за улогата на претседателот на државата да го повика Советот на безбедност тоа веќе го направија дел од земјите од соседството, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот