Дурант: Луди сте ако мислите дека Европлигата е потешка од НБА

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Aмериканецот, Кевин Дурант реагираше на коментарите кои се појавија дека е потешко да се игра во Евролигата отколку во НБА лигата.

Дебатата ја започна Кајл Хајнс на социјалните мрежи со интервјуто за „БаскетЊуз“ во кое ја споредуваше американската и европската кошарка.

Добар дел од јавноста исто така сметаше дека потешко е да се игра кошарка во Евролигата, но Дурант не мисли така и реагираше.

„Вие сте луди ако мислите дека Евролигата е потешка од НБА“, искоментира НБА ѕвездата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот