ДУИ со апел до граѓаните да избегнуваат фамилијарни и пријателски собирања

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

Демократската Унија за Интеграција апелира и ги повикува граѓаните да не ги одбиваат тестирањата, да соработуваат при анкетирањето и да ги одбегнуваат сите околности каде можат да се експонираат на можна инфекција.

-Вирусот CoVid-19 е присутен и се проширува загрозувајќи го здравјето на граѓаните, затоа заедно треба да го спречиме. Здравјето е најбитно и примарно и затоа секој од нас треба максимално треба да ја зголеми заштитата. Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание. Враќањето во нормалност може да се оствари само преку максималното почитување на мерките, а нашето невнимание и непочитување на мерките може да предизвикува непредвидливи последици кон здравјето, економијата и општеството- стои во соопштението од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот