Државна службеничка уценувала бизнисмен со експлицитни снимки

Во Србија уапсени се 48-годишната Александра Р. и нејзиниот 51-годишен пријател Младен Ѓ. поради сомнеж дека од крајот на март уценувале бизнисмен, со кој осомничената била во врска пишува Курир.рс. Барале пари со закана дека снимки од тоа како Александра и тој имаат секс од периодот кога се гледале, ќе им ги достават на семејството на овој човек од Белград.

– Оштетениот најпрво се согласил да им плаќа 150 евра месечно, а потоа им дал уште 4.000 евра за да престанат да го уценуваат. Постојат сомнежи дека тие продолжиле со уцената и барале дополнителни 15.000 евра за да ги уништат снимките – соопштила полицијата.

Александра, која е државна службеничка наводно до пред неколку месеци била во врска со жртвата. Се верува дека тој ѝ помагал финансиски, а кога раскинале, таа не сакала да се помири со тоа дека веќе не се заедно и оти тој нема да ја финансира.

– Му праќале пораки преку Вибер. Тој некое време прифатил да им плаќа, плашејќи се да не го посрамоти семејството. Бидејќи не престанале да му се закануваат со снимките, ги пријавил во полиција. Договорил состанок со нив во кафуле во трговски центар во Белград и полицијата им ставила лисици додека ги земале парите – вели извор за „Курир.рс“.

Александра и Младен, како што медиумот дознава, признале дека го уценувале човекот.

– Таа призна дека барале пари од поранешниот љубовник, но се обиде да се оправда тврдејќи дека и тој нејзе ѝ го упропастил животот – додал изворот.

Александра и Младен биле пуштени да се бранат од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот