Дрон снимил нешто НЕОБИЧНО покрај пештера: Решиле случај стар 17 години, НЕ ИМ СЕ ВЕРУВАЛО што пронашле (ФОТО)

Фото: Јонгшан полиција

Кинеската полиција уапсила бегалец кој бил во бегство веќе 17 години, откако со помош на беспилотно летало го откриле неговото скривалиште.

Мажот (63), кого полицијата го идентификувала како Сонг Џианг, бил во затвор заради трговија со жени и деца, но во 2002 година побегнал.

Со години живеел во мала пештера оддалечена од човечка интеракција. Полицијата добила дојави за тоа каде се наоѓа Сонг на почеток на септември. Тие траги ги воделе до планините зад неговиот роден град во провинцијата Јунан во југозападна Кина.

Откако вообичаените истраги не успеале да пронајдат ништо, властите испратиле додатни беспилотни летала да им помогнат на офицерите. Дроновите на крајот забележале челична плочка во плава боја, како и траги од домаќинство во близина.

Фото: Јонгшан полиција

Полицијата потоа тргнала натаму и го пронашла Сонг во мала пештера во која се криел со години. Според полицијата, мажот толку долго живеел во самица, што му било тешко да комуницира со службениците.

Фото: Јонгшан полиција

Државните медиуми наведуваат дека мажот користел пластично шише за да се снабдува со вода за пиење од реката и дека користел гранки од дрва за да пали оган.

Тој бил вратен во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот