Дресот на Марадона со милионска вредност не е автентичен, тврди неговата ќерка

EPA-EFE/EFE

Дресот во кој Марадона го постигна прочуениот гол „со божја рака“ на СП 1986 треба да се најде на аукција наскоро и да достигне вредност од околу 4,8 милиони евра. Но тој не е оној висинскиот тврди Далма, ќерката на легендарниот Аргентинец

Дресот на Диего Марадона што легендата го носеше на СП 1986 и во кој го постигна прочуениот гол со „божја рака“, а кој се очекува наскоро да биде продаден на аукција и да достигне вредност околу 4,8 милиони евра, не е автентичен. Ова го тврди ќерката на Диего Марадона, Далма. Таа тврди дека на аукција ќе се најде дресот на Марадона што тој го носел на првото полувреме од мечот на неговата Аргентина со Англија. Но Марадона на полувремето го заменил дресот, а во второто полувреме го постигна прочуениот гол во друг дрес.

Поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ тврди дека го добил тој дрес на крајот на споменатиот меч во Мексико Сити и сега сака да го продаде на аукција.

– Тоа не е дресот што татко ми го носеше во второто полувреме. Сигурна сум дека Хоџ го нема тој дрес, а знам кој го има. Не сакам да кажам кој го има вистинскиот дрес. Тако ми ми кажа „како да му го дадам дресот на мојот живот“ (на Хоџ н.з.)? Тој поранешен играч мисли дека го има дресот на татко ми од второто полувреме, но не е така. Тој дрес е од првото полувреме – вели Далма.

Нејзиното тврдење го демантира аукционерската куќа Сотеби која ќе го продава дресот.

Во своите мемоари “Допрен од Бога“ самиот Марадона, кој почина во 2020 година, вели дека го заменил дресот од второто полувреме со Хоџ. И Хоџ во својата автобиографија тврди дека по мечот на патот кон соблекувалната му понудил на Марадона да ги разменат дресовите, а овој прифатил.

Аргентина ја победи Англија со 2-1 во четвртфиналето, а двата гола ги постигна Марадона. Првиот гол Диего го постигна со рака, односно „со божја рака“ како што самиот потоа рече. Ааргетина го освои тоа СП, победувајќи ја Германија во финалето (3-2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот