ДРАМА ВО ОМАНСКИОТ ЗАЛИВ: Нападнати два танкера, едниот погоден со торпедо (ВИДЕО)

фото: ЕПА

Два товарни брода со танкери за нафта се нападнати во Оманскиот залив, од кои едниот со торпедо и секој момент може да потонат.

Станува збор за бродот Фронт Аклтаир , кој плови под знаме на Маршалските Острови и бродот Кокука Кериџис на сингапурски бизнисмен , што плови под знаме на Панама.

Деталите  за нападот не се познати , но според тајванските медиуми ,,Фронт Аклтаир” бил погоден со торпедо. На нападот веднаш реагираа берзите , па цената на сдуровата нафта веднаш скокна за четири проценти на над 62 долари за барел.

Еден од морнарите на сингапурскиот брод е потешко повреден, а сите 21 члена на екипажот се евакуирани.

Бродот може да потоне , а садовите со метан што се превезуваат на него не се оштетени. Петтата американска флота добила вчера повик за помош од танкерите кои биле цел на нападот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=30&v=43-G7EBkojI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот