Драги свикува итен самит на Г-20 поради состојбата во Авганистан

Италијанскиот премиер Марио Драги/Фото: EPA-EFE/ROBERTO MONALDO/LAPRESSE / POOL

Италијанскиот премиер Марио Драги планира да свика итна средба на врвот на Г -20, на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан, објави „Ла Република”.

Претходно закажаниот самит на Г -20 треба да се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според изданието, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден состанок на шефовите на држави или влади на дваесет водечки економии во врска со преземањето на власта на талибанците во Авганистан.

Драги утрово имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, каде разговарале за ризичната состојба во Авганистан, како и за заштитата на населението кое треба да биде евакуирано од земјата.

Драги соопшти дека Италија е отворена за авганистанските мигранти, откако тој потврди во парламентот дека неговата земја ќе ги прифати бегалците.

„Ние ќе ги браниме тие што се со нас“ изјави Драги во собранието на Италија.

Иако многу од европските земји се двоумат за прифаќањето на авганистанските државјани, Италија уште од почетокот ја искажа својата поддршка за прифаќањето на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот