ДПС го предложи Мило Ѓукановиќ за претседателски кандидат на претстојните претседателски избори

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, денеска е предложен за претседателски кандидат на партијата на претстојните избори, објави партијата на својот Твитер профил.

Подгорички „Вијести“ јави дека тоа било одлука од денешната седница на Претседателството на ДПС, а во тек е седницата на Главниот одбор на партија.

Претседателските избори се закажани за 19 март, а до 26 февруари треба сите кандидатури да се достават до Државната изборна комисија.

ДИК досега ги потврди кандидатурите на еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, и на пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот