ДПИ изврши над 650 контроли по замрзнување на цените, евидентирани се прекршувања кај 22 економски субјекти

Овошје во маркет/ Фото Слободен печат/ Борјан Бојчев

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен.

Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот