Дориев: Заслужувам порака од селекторот како образложение зошто не сум во репрезентацијата

Фудбалерот на Согдиана, Љупче Дориев/фото: instagram.com/doriev14

За понеделник е закажан официјалниот собир на најдобрата македонска фудбалска репрезентација за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

На 17 ноември нашите најдобри фудбалери на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе играат против Италија, а три дена подоцна во Скопје ќе је пречекаат Англија.

Селекторот на сениорите Благоја Милевски повика 25 фудбалери, а на списокот овојпат не се наоѓа играчот на Согдиана од Узбекистан, Љупче Дориев.

Дориев сезонава има одлични игри за својот клуб, од 10 настапи во тамошниот шампионат има до сега три голови, а воедно запиша и три асистенции.

– Жалам што нема да бидам дел на репрезентацијата во следниве два натпревари, иако сум во добра форма и постигнувам голови за мојот тим. Сепак, го почитувам изборот на селекторот како и секогаш, јас сум убеден дека тој знае што е најдобро во моментот за Македонија. Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како образлозение зошто не сум дел од репрезентацијата. Јас ќе продолжам да работам уште понапорно и успешно за да добијам повик, да бидам повторно дел од националниот тим. На колегите од репрезентацијата им посакувам успех и добар резултат против Италија и Англија. Заеднички сите до успех на последните два натпревари во овој циклус – стои во објавата на Дориев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот