Дополнително олеснување за Кинезите, се укина апликацијата за следење луѓе заразени со ковид

Коронавирус во Кина/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Луѓето во Кина изразија задоволство од отстранувањето на апликацијата што државата ја користеше за да следи дали Кинезите отишле во области погодени од ковид-19. Ова е уште една фаза во олабавувањето на некои од најстрогите мерки против Ковид во светот.

Откако властите ја оневозможија апликацијата „код на маршрута”, четирите кинески телекомуникациски компании синоќа соопштија дека ќе ги избришат корисничките податоци поврзани со апликацијата.

„Збогум код на маршрута , се надевам дека никогаш повеќе нема да те видам”, се вели во објавата на платформата за социјалните мрежи Веибо. Во него, корисниците го поздравија крајот на апликацијата, за која критичарите стравуваа дека се користи за масовен надзор.

Финансискиот центар Хонг Конг, кој веќе има полесни гранични контроли од Кина, денеска соопшти дека ќе го отстрани условот патниците кои пристигнуваат да избегнуваат барови и ресторани во првите денови од нивниот престој. Ќе биде отстранета и апликацијата за следење движење што го регулираше пристапот на граѓаните до ресторани, спортски сали, клубови и слично, изјави Џон Ли, главен администратор на Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот