Допинг експерт се сомнева во Рафаел Надал!?

фото: твитер

После скандалот со Роберт Фарах, шампионот во двојки, повторно е актуелна темата околу користењето допинг, а прв на удар се најде Рафаел Надал.

Германецот Фриц Зоргел, допинг експерт, за „sport.de“ вели дека моментно прворангираниот на АТП листата, Шпанецот користи недозволена супстанца.

После скандалот со Роберт Фарах, шампионот во двојки кој поради допинг нема да учествува на „Австралија опен“, повторно е актуелна темата околу користењето на недозволени средства, а прв на удар се најде Рафаел Надал.

Зоргел споменатиот извор зборуваше за користењето на овие супстанци, а повод беше неодамнешната суспензија на Роберт Фарах, Колумбиецот и најдобриот дубл играч на светот.

– Стандарден изговор е дека нешто случајно се консумирало. Имаше многу случаи кога тенисерите поминале неказнето после таков изговор, дури и пред комисиите. Факт е, многумина направиле грешки. На пример, тие не пресметуваат добро време кога треба повторно да бидат „чисти“.

Германскиот експерт се насочи потоа кон Рафаел Надал осомничен за допинг…

– Анаболни стероиди се класика во тенисот. Затоа не сум изненаден. Следев настани со децении и имам јасна слика за сè. Тенисот е во Топ 4 спортови кога станува збор за допинг, покрај зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува знаци на абнормалност. Често се сомневам, со оглед на целиот негов атлетизам. Исто така, тој доаѓа од Шпанија, земја која не е позната по соодветно „следење“ на своите спортски херои.

Новинарите беа особено заинтересирани дали големите имиња користат недозволени средства.

– Имало случаи во минатото. Матс Виландер и Мартина Хигинс биле фатени со употреба на кокаин, а Виландер имал само тримесечна забрана. Хигинс изјави дека мешала кокаин со сок од портокал, па имала двегодишна забрана. А што е со Андре Агаси? Тој користел мета кристал и воопшто не бил казнет.

Тој верува дека тенисерите ретко се контролираат од најмалку две причини:

– Сите се добро згрижени и советувани за да не се појават неправилности. Покрај тоа, тениските асоцијации ги штитат своите ѕвезди. Никогаш не се дознава, никогаш не се достигнува до јавноста и никогаш не можете да коментирате, само се сомневате – додаде Зоргел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот