Донесени одлуки за испраќање армиски припадници во мисиите „Алтеа” во БиХ и во Централноафриканската Република

АРМ / Фото: Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 41. седница едногласно и без расправа ја донесоа Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ALTEA” во Босна и Херцеговина и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA” во Централноафриканската Република.

Донесен е и Законот за ратификација на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владите на другите страни на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа за аранжманите со земјата-домаќин за Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа.

Парламентарното мнозинство во Собранието го донесе и предлогот за именување на Лирим Сулејмани за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија .

Во текот на расправта пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се предлага член на РКЕ кој по два основа не ги исполнува законските услови да биде член на комисијата.

– Првата причина е затоа што самиот се уште работи во една приватна енергетска компанија (ЕВН) а тоа е дел и од неговата биографија. РКЕ одлучува за правилата, за цените и сите други правила на игра во енергетскиот сектор така што овде, вели, постои судир на интереси и прекршување на законското правило секој член на РКЕ не смее да биде најлкмалку две години член на енергетска компанија. Втората причина е дека постои веќе еден член на РКЕ кој е дипломиран правник и согласно Законот за енергетика не може да има двајца правници во Комисијата. па неговиот избор би бил незаконит, рече Милошоски.

Според Милопоски, како поранешен директор на КЕЦ Васил Главинов при ЕВН, доколку се избере Сулејмани за член при носењето на одлуки за повисоки цени на електрична енергија тој ќе тежнее кон изгласување повисоки цени на енергијата.

Неговиот сопартиец Бојан Стојановски истакна дека втор пат за два месеца се избира член на ова тело. и по втор пат, тоа се прави спротивно на законот по два основа, појаснети погоре од Милошоски.

– Тоа значи дека Собранието кое треба да носи законски решенија и каде најногу ќе се почитува законот не го прави тоа. Тоа значи дека ние како пратеници и оваа институција поттикнува кршење на законот и ја повикувам јавноста да изврши притисок за да пратениците на мнозинството свесно не го прекршат и овој пат Законот на енергетика, рече Стојановски.

Пратениот Халил Снопче од Алијансата за Албанците истакна дека кандидатот кој се предлага од Владата има конфликт на интереси и Владата вели има морална одговорност бидејќи предлага лице кое не ги исполнува условите од конкурсот и законот.

– Не се спротивставувам на кандидатот туку на Владата оти предлогот не е во согласност со предвидените услови и има конфликт на интереси. Станува збор и за политички предлог, рече Снопче.

Беше усвоен и Предлогот за престанок на мандатот на Наташа Јанковска за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Собранието ќе продожи со работа по редовната пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот