Дончиќ и Словенија запрени во четвртфиналето на Мундобаскетот

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Репрезентацијата на Канада ја совлада Словенија и обезбеди место во полуфиналето на Мундобаскетот (100:89).

Првото полувреме донесе изедначена игра, па така и се замина на пауза, но веќе во третата четвртина Канаѓаните заиграа многу подобро.

Набрзо направија предност од 80:71. Во одлучувачката четвртина, Канада имаше и максимални +16 поени, додека Лука Дончиќ ги губеше нервите и реагираше на секоја судиска одлука.

Фрустрацијата на Дончиќ резултираше со негово исклучување поради две технички грешки, па Словенците без својот најдобар кошкаркар бркаа негатива. Имаа Словенците и без Дончиќ обид за кам-бек, меѓутоа Канада не дозволи изненадување.

За место во финалето, Канада ќе игра против Србија, додека во второто полуфинале играат Германија и САД.

Мундобаскет: Германија закажа полуфинале против САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот