Домашна пита со спанаќ РЕЦЕПТ

Состојки:
Две јајца
500 гр кори за пита
500 гр спанаќ
Два врзопа млад кромид
Чешне лук
Еден морков
200 гр бело сирење
Сол и бибер
Масло
Половина пакетче прашок за пециво
100 мл јогурт

Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го издробеното сирење и јогуртот, па прашокот за пециво и добро измешајте. На маслото пропржете ги исецканиот млад кромид, ренданиот морков и истолчениот лук и зачинете. Најпрво одвојте дел од оваа смеса настрана, па додадете го спанаќот да се подготви. Тргнете ги од оган и додајте го филот од јајца и сирење. Тавата за печење најпрво обложете ја со хартија за печење. Наредете неколку кори така што рабовите ќе останат надвор, за преклопување. Со останатите кори правете ролати со филот од спанаќ и редете ги една до друга. Меѓу ролатите премачкувајте со смесата без спанаќ.
Потоа, ставете една кора најгоре и превиткајте ги рабовите од долниот слој. Премачкајте со масло и јајце и печете на 200 степени во загреана рерна, околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот