Доли Партон ја прими вакцината против коронавирусот: Доли доби доза од сопствениот лек

Instagram
Instagram

Музичката кантри ѕвезда Доли Партон ја прими вакцината против коронавирусот. 75-годишната пејачка се пофали со веста на социјалните мрежи.

Доли доби доза од сопствениот лек“, пишува во описот на видеото.

А пред да се вакцинира, им се обрати на обожавателите ширум светот за да ги мотивира да го направат истото.

Конечно ќе ја примам вакцината, возбудена сум. Веќе некое време чекав, доволно сум стара и паметна да ја добијам вакцината. Сакам да ви кажам на сите дека и вие треба да го направите истото. Мислам дека сите сакаме да се вратиме во нормала, каква и да е. Само сакам да ги охрабрам сите, бидејќи штом почнеме да се чувствуваме подобро, побрзо ќе се вратиме во нормала“, истакна Доли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Ѕвездата ја прими вакцината во Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, Америка. За потсетување, минатата година Доли Партон донираше еден милион американски долари на истоимениот универзитетот за истражувања и развој на вакцината „Moderna“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот