Документарецот на Вал Килмер ќе ја раскаже другата страна од неговиот живот

Вал Килмер
Фотографија: Profimedia

Актерот Вал Килмер искрено прозборе за својот живот, борбата против ракот на грлото и кариерата во холивудската индустрија во претстојниот документарен филм.

Се викам Вал Килмер и сум актер. Живеев магичен живот и успеав да го овековечам со камера“, вели 61-годишниот актер во рамките на претстојниот документарец, по што може да се видат фрагменти од неговиот живот од филмови како што се „Tombstone“ и „Top Gun“, како и видео инсерти од неговото детство и приватниот живот.

Јас бев првиот човек од луѓето од мојата околина што поседуваше видео камера. Имам над илјада часа снимен материјал на видео касети и филмски ленти што ги снимав за време на мојот живот и кариера“, истакна Килмер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Val Kilmer (@valkilmerofficial)

Во еден исечок објавен на „Јутјуб“, Килмер се осврна и на неговите борби со рак на грлото, објаснувајќи дека сега сака да ја раскаже својата приказна повеќе од кога било. Според него, тој со децении се обидувал да го пронајде својот глас преку филмските улоги и се опишува себеси како чувствително и интелигентно човечко суштество со душа на кловн.

Премиерата на документарниот филм ќе биде на овогодинешниот 74. Кански филмски фестивал, а ќе биде објавен и на стриминг сервисот „Амазон прајм“ на почетокот на август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот