Докторка откри: Ова се единствените три намирници што треба да ги јадете навечер

Фото: Ingram / Profimedia

Истражувањата покажуваат дека не е важно само она што го јадете, туку и кога го јадете.

Јадењето доцна навечер е поврзано со повисоки стапки на дебелина, дури и кога сите други фактори се контролирани, а истражувањата покажуваат дека не е важно само што јадете, туку и кога.

Докторката натуропат Џенин Боуринг неодамна објави дека има само три намирници што треба да ги јадете навечер, а кои нема негативно да влијаат на вашата тежина или здравје.

Таа предупредува дека е најдобро да ги избегнувате оброците доцна навечер, бидејќи тоа може да влијае и на вашата тежина и на вашиот сон. Но, ако баш мора да јадете навечер, најдобро е тоа да се:

Јаткасти плодови

Таа препорачува да изедете мал грст јаткасти плодови – бадеми или лешници. Оваа храна ќе ви даде и протеини и заситени масти, па нема да бидете гладни пред спиење, објаснила таа.

„Истражувањата покажале дека честото консумирање јаткасти плодови ги намалува нивоата на воспаленија поврзани со срцеви болести и дијабетес“, објаснуваат експертите од клиниката „Мејо“.

Конкретно, јаткастите плодови можат да го подобрат здравјето на артериите, да ги намалат воспаленијата поврзани со срцевите заболувања, да го намалат ризикот од згрутчување на крвта, да го намалат ризикот од хипертензија (висок крвен притисок) и да ги намалат нивоата на „лошиот холестерол“, пишува „Бестлајф“ (BestLife).

Семки

Боуринг препорачува да јадете семки ако чувствувате потреба да грицкате пред спиење. Нивниот хранлив профил е сличен на јаткастите плодови: богати се со влакна, здрави масти, протеини и витамини.

Таа додава дека семките од сончоглед можат да бидат особено корисни, бидејќи се полни со минерали, па можат да ви помогнат да заспиете.

„Златно млеко“

Последната опција што таа ја препорачува е „златното млеко“, кое може да биде исклучително корисно ако се испие пред спиење.

Ова е обична домашна мешавина од растително млеко, куркума и други зачини.

Боуринг го прави со млеко од јаткасти плодови, куркума и цимет, а најчесто користи бадемово млеко.

„Вака подготвеното млеко загрејте го и испијте го непосредно пред спиење. Фантастично е за добар сон, куркумата е богата со антиоксиданти, а самата напивка има и антивоспалително дејство“, додала таа.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот