Д-р Зеќирија Шахини / Фото: Фејсбук

Доктор Шаини по нападот: Бог ми е сведок дека никому не сум направил зло

По излегувањето од болницата, Шаини првпат јавно се огласи за инцидентот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад извршен од маскирани лица.

Доктор Зекирија Шаини, кој беше застрелан во една од најфреквентните зони во Куманово, по укажаната лекарска помош е пуштен од болница и сега закрепнува дома, објави Алмакос.

По излегувањето од болницата, Шаини првпат јавно се огласи за инцидентот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад извршен од маскирани лица.

Тој упати апел до јавноста случајот да не се врзува со политика, потенцирајќи дека нема непријателство со никого.

„Нападнат бев на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непријателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сега сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави Шаини за Алмакос.

Пукање во Куманово: Ранет кандидат за советник во Липково, Зекирија Шахини

ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот